Прв случај на коронавирус и во Ла лига

Шпанската Ла лига го прекина натпреварувањето поради страв од ширење на коронавирусот, а денеска шпанскиот Леганес привремено ги прекина сите активности и ги затвори вратите на својот тренинг центар. Имено, генералниот директор на клубот Мартин Ортега е позитивен на Ковид-19.

Мадридскиот клуб утрово ја потврди информацијата и соопшти дека сите кои во минатиот период биле во контакт со Ортега се во карантин. Од клубот пренесуваат дека нитуе еден од првиот тим и од стручниот штаб не биле во контакт со Ортега, но дека сите тренинзи се откажани поради внимателност.

Ортега е во добра состојба и денеска би требало да биде пуштен од болница и пренесен во својот дом каде би бил во изолација.

Се вчитува...