Е. Пелистер игра квалитетно во подготовките за новата сезона, но Лино Червар очигледно не е задоволен од сите засилувања што беа доведени летово.
Така, хрватскиот стратег се откажа од услугите на Омер Мехмедовиќ, бекот од БиХ кој очигледно не успеа да се наметне во таборот на битолчани.
Мехмедовиќ беше најавуван како значајно засилување, но „зелено-белите“ вечерва со објава на социјалните мрежи ја потврдија разделбата од засилувањето кое само еден месец беше дел од Пелистер, па сега ќе мора да бара нов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
