Прва изјава на Ибра: Лавовите не се опоравуваат како луѓето

Златан Ибрахимовиќ неполни седум мееци по тешката повреда на лигаментите на коленото го имаше својот камбек на терените, откако влезе во игра во 77. минута од натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл. За играч кој се наѓа на залез на кариерата ваква повреда може да значи и збогување со фудбалот, но Ибрахимовиќ не е обичен фудбалер.

„Никогаш не помислував дека ќе морам да кажам збогум. Повредата беше тешка, но знаев дека ќе се вратам. Лавовите не се опоравуваат исто како и луѓето. Чувството на камбек беше посебно. Воопшто не бев загрижен, бидејќи тренирав напорно. Јас играм фудбал со главата, коленото само треба да следи“ – во свој стил прокоментира Ибракадабра.

Се вчитува...