ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО: Македонија ЃП го сака „скалпот“ и на Скопје, но тешко се победува на Автокоманда

Денеска се игра првиот натпревар од 14. коло во Првата лига после паузата поради репрезентативните настапи. Скопски дуел на Автокоманда, каде што гостува екипата на Македонија ЃП.

Скопје на домашен терен тешко се поразува, а од друга страна Македонија ЃП патува на ова гостување на „крилата“ на победата над лидерот Шкупи минатото коло.

На „Автокоманда“ тешко се победува, а од Скопје истакнуаат дека одат на уште една победа на свој терен.

„Играме против екипа која што заслужува респект. Со доаѓањето на новиот тренер нанижаа серија на добри резултати и секако ќе биде многу тешко. Но, сите знаеме како играме како домаќини. Секогаш на домашен терен сме мотивирани да одиме кон победа, и ќе направиме се на крај да бидеме ние кои ќе се радуваат на крајот“, рече Дарио Десниќ, офанзивното крило на „пиратите“.

„Лавовите“, пак, после серија на добри резултати на ова гостување сакаат да продолжат со освојување бодови, за да фатат приклучок кон горниот дел. Еден од оние играчи кој имаше обврски и на паузата е Марио Младеновски, кој со младата селекција настапи на дуелите со Украина и со Франција. Очекува тежок и неизвесен натпревар, но се надева на победа.

„Ќе биде тешко. Секој натпревар е тежок, а очекувам така да биде и денеска. Важно ќе биде да ја играме нашата игра и се надевам дека ќе славиме. Триумфиравме над Шкупи минатото коло, и сето тоа носи добра атмосфера во екипата пред овој натпревар со Скопје. Противникот треба да се респектира, игра добро на свој терен, а ние ќе дадеме максимум и се надевам ќе ги освоиме бодовите“, вели Младеновски.

Се вчитува...