ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Муки Бајрами им го откри на „лавовите“ лекот за Шкупи!

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 13. КОЛО

Македонија ЃП не дозволи Шкупи да се одлепи на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига, со што повторно ја носи кон неизвесност трката и за шампионската круна сезонава. „Лавовите“ ја прекинаа победничката серија на чаирчани, триумфирајќи под палката на поранешниот тренер на Шкупи кој по заминувањето од Чаир очигледно го понеле и „лекот“ за овој тим на Гоце Седлоски. Шкендија, пак, ја доби тетовската пресметка втурнувајќи се кон врвот, како и Академија Пандев која убедливо славеше на гостувањето против Работнички. Па, „пандевци“ сега се на само четири бода од Шкупи, заедно со Ренова и Брегалница најсериозните кандидати за европската распределба сезонава.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мартин Мирчевски (Ак. Пандев)

Најдобриот стрелец сезонава во ПМФЛ, Мартин Мирчевски продолжува со одличните партии сезонава во домашниот шампионат. Тој со два гола ја водеше својата Ак. Пандев до убедлива победа на гостувањето кај Работнички од 0-3.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

Муарем Бајрами успеа со Македонија ЃП да му го нанесе вториот пораз на лидерот Шкупи сезонава. Тој одлично го постави „лавовите“ и на крајот стигна до „слатка“ победа против својот поранешен тим.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Милан Ѓокиќ (Брегалница)

Напаѓачот на штипјани со прекрасен гол со глава во судиското продолжение донесе големи три бода за штипјани во победата над Скопје од 2-1.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Ќато мораше да го признае поразот…

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 13. КОЛО

Се вчитува...