ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: „Пандевци“ без милост кон момците на Калц, фуриозен старт за стружани

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 2. КОЛО

Академија Пандев е тимот кој е во центарот на вниманието во ова 2. коло. Многу лесно, многу убедливо „Пандевци“ на гостински терен триумфираа убедливо 0-5 над Работнички. Академија Пандев покажа квалитет, но „романтичарите“ целосно потфрлија и разочараа, особено во одбраната. Така „Академците“ после поразот на домашен терен од Брегалница, вратија со победа на „Арената“ и тоа убедлива. Тимот составен од искусни, но и од млади играчи целосно го „разби“ тимот предводен од Љупчо Марковски – Калц. Калц важи за тренер кој што има „стегната“ дефанзива, но овојпат не беше тоа случај, и Работнички ќе мора нешто да превземе. Младиот Ване Крстевски ги „реши“ романтичарите со хет-трик. Струга ТЛ дојде до вториот триумф во сезоната, благодарение на цврстата одбрана, на одбраните на голманот Ќосевски, а потоа и една реализација во нападот на Хоган. Александар Мишов му донесе победа на Тиквеш на нафрлена топка од Карчески, а Шкупи успеа да го совлада тимот на Македонија ЃП со головите на Трапановски и на Цефас. Силекс, пак, освои голем бод на гостувањето во Струга кај Шкендија. Љамалари одново е стрелец за кратовци, откако и во 1. коло против Работнички постигна гол.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ване Крстевски (Ак. Пандев) 

Ване Крстевски е херојот на Академија Пандев. Тој во дуелот со Работнички на „Арената“ три пати го „тресна“ тимот на „романтичарите“ и сосема заслужено го понесе епитетот најдобар во ова 2. коло. Крстевски ја дочека својата шанса, и го покажа својот квалитет. Беше незапирлив за одбраната на скопскиот тим, која на овој натпревар како да ја немаше.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ѓорге Стојчев (Ак. Пандев)

Тренерот на Академија Пандев, кој што со младиот тим го освои Скопје над Работнички, го добива епитетот најдобар на колото. Тој со својот тим му нанесе катастрофален пораз на тимот на „романтичарите“. Целосно ја „скрши“ одбраната на Работнички. Стојчев одлично ја постави екипата, се виде дека тимот е мотивиран и максимално ги искористи шансите кои се укажаа, со тоа славејќи убедлив триумф. И она што е најважно, успеа психолошки да ја „крене“ екипата од оној пораз дома од Брегалница во 1. коло. Тоа не му успеа на неговиот колега Љупчо Марковски, па така Работнички и натаму е на „летен распуст“ кога станува збор за настапите во Првата лига. Тимот на Стојчев покрај петте гола, успеа да ја сочува и својата мрежа.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Хоган Укпа (Струга ТЛ) 

Струга Трим Лум има одличен старт на сезоната со две победи по ред. Вчера стружани триумфираа на тешкото гостување во Штип, а најзаслужен за победата е играчот од средниот ред на Струга, Хоган Укпа. Укпа по еден изведен корнер и одлично проигрување, од прва погоди во долниот десен агол од голот на Брегалница.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Помош да не треба!? 

Се вчитува...