ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Залудно Вардар „навиваше“ за Тиквеш кога Шкендија повторно го освои Кавадарци

Горан Бошев

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 28. КОЛО

Исто растојание во битката за титулата помеѓу Шкендија и Вардар. Во 28. коло Вардар веќе ги имаше впишано бодовите во дуелот со Шкупи, само прашање беше со колкава разлика (на крајот заврши со седум), и „навиваше“ за Тиквеш да остане непоразен во дуелот против Шкендија. Меѓутоа актуелниот првак лесно мина низ Кавадарци. Три гола во првиот дел со кој веќе стигна до победата, а потоа во второто полувреме само стави печат на трите бода. Разликата е иста, па се очекуваат „пеколни“ последни пет кола во ПМФЛ.

Ако за врвот и натаму трката е жестока, за испаѓањето веќе почнува да станува нешто „почисто“. Македонија ЃП по поразот во Битола сега заостанува во битката за опстанок, па секој следен натпревар за нив е како финале. Седум натпревари „лавовите“ не знаат за победа, имаат само два триумфа во пролетниот дел. Така опстанок не може да се обезбеди, па следното коло игра против Работнички, клучен меч во битката за останување во ПМФЛ. Ако загубат, тогаш „лавовите“ може полека да се пакуваат за второлигашка конкуренција. Интересно ќе биде за тоа трето место кое исто така носи преселба во понизок ранг. Во жестока битка се Работнички и Пелистер, а ако има некоја лоша серија, може да бидат „повлечени“ и Брера, како и Арсими, па дури и Башкими.

Силекс ова коло оствари уште една победа во првенството. Тимот на Васоски влезе во форма во финишот на првенството. А, дури сега им претојат натпревари и со Вардар, и со Шкендија. Дали Силекс и Струга ТЛ ќе бидат одлучувачки фактор за титулата на крај, ќе провериме во последните пет кола.

Имаше и тренерска смена после ова коло. Мартин Алоѓозовски не е повеќе тренер на АП Брера. После убедливиот пораз од Силекс, тој се раздели од струмичкиот тим, и него друг тренер ќе го предводи во битката за опстанокот.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Дарко Додев (Силекс)

Две асистенции и еден гол е учиникот на Дарко Додев во натпреварот против АП Брера. Играчот од средниот ред на кратовскиот тим имаше свој ден, и самиот беше најзаслужен за убедливиот триумф од 4-0, со кој Силекс остана во игра за третото место.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

Тренерот на Силекс, Александар Васоски ја пронајде победничката формула на екипата во финишот на сезоната. После серијата на лоши резултати, кратовскиот тим влезе во одлична низа на резултати, што е добро за тимот кој главна цел ќе му биде битка за трофејот во Купот.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Милан Србијанац (Пелистер)

Дефанзивецот на Пелистер, Милан Србијанац постигна прекрасен гол за својот тим во победата над Македонија ЃП. „Лавовите“ го добија тој меч со 2-0, а Србијанац стави печат на победата со гол од 23-24 метри. Ја поведе топката, упати силен удар со кој го совлада Јанков, и така стави точка на победникот од натпреварот.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 28. КОЛО:

Се вчитува...