ПРВА ЛИГА: Вардар ја продолжува надежта во Кратово, езерско дерби во Струга

После победата над Македонија ЃП, Вардар ја продолжува својата битка за опстанок со гостување во Кратово кај Силекс. Во заостанат натпревар кој требаше да се игра минататиот викенд, но беше одложена поради врнежи од снег, кратовскиот тим важи за благ фаворит, со оглед дека на домашен терен не знае за пораз. Од друга страна, пак, Вардар игра исто и дома и на гостински терен, има по две победи, а сега секој бод ќе биде добродојден за да се биде блиску до опстанокот, а потоа низ пролетниот дел екипата да се обиде да избори уште една сезона прволигашки статус.

Сигурно е дека Вардар ќе презими во долниот дел на табелата, но ако сака да дојде до опстанок, тогаш ќе мора во зимската пауза да ги консолодира редовите, пред се од финансиски аспект, па и од играчки.

Уште еден заостанат натпревар денеска од 15. коло во ПМФЛ. Во Охрид, Воска Спорт го пречекува тимот на Струга ТЛ. Шампионот со победа би се вратил на првото место на табелата, и би бил во поволна позиција пред последното есенско коло, со што би се доближил до епитетот есенски првак. Ако на Струга ТЛ им требаат бодовите за првата позиција, тогаш на Воска Спорт му се неизбежни за пласман погоре на табелата и бегство од опасната зона.

„Не очекува тежок натпревар против Воска Спорт, противник кој добро го познаваме. Одиме од меч во меч, ќе играме уште две кола дома и се надевам дека ќе излеземе како победници и од двата меча, со што полусезоната ќе ја завршиме на првото место, каде што бевме и минатата сезона, а потоа дојде и титулата“, рече Ведран Ќосевски, голманот на Струга ТЛ во пресрет на денешниот меч. 

ПМФЛ, 15. КОЛО (ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...