ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Бобан Николов стави точка на дербито со втор погодок

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО…ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (2-0)

Којашевиќ 39’, Николов 90’ (Вардар)

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)

Меѓедовиќ 10’, 42’, 55’, Ибраими 28’ пен., 30’ (Шкендија) – Иваноски 58’ (Македонија ЃП)

Чаир: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Бајрами 21“ (Шкупи)

Прилеп: ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (3-0

Пановски 7’, Каланоски 43’, Недељковиќ 90’ (Силекс)

=============================================================================

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)

Крај во Тетово, Шкендија убедливо ја победи Македонија ЃП со 5-1.

СИЛЕКС – РЕНОВА (3-0) 

Крај на дуелот во Кратово, триумф на Силекс од 3-0.

СИЛЕКС – РЕНОВА (3-0) 

90’ – ГОООООООЛ за Силекс. Игор Недељковиќ со трет гол за Силекс, за точка на убедливиот триумф над Ренова.  

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

Во Прилеп, Победа и Брегалница одиграа меч без погодоци.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Крај на Чаир, Шкупи слави триумф од 1-0 над Пелистер.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

85’ – Божиновски со слободен удар сличен на оној при голот на Шкупи, но Зендели е внимателен и ја исфрла топката во корнер

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (2-0)

90’ – ГОООООООЛ за Вардар. Бобан Николов во судиското продолжение постигна втор гол за Вардар и става точка на триумфот во соседското дерби. Крај на дербито.   

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

84’ – Голема шанса за Момчило Рашо, кој од непосредна близина не успеа да ја затресе мрежата на Гачевски.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

76’ – „Пелистерци“ се обидуваат преку прекини со голем број играчи во противничкиот шеснаесетниик. Шкупи го користи тоа за противнапади, но овојпат шутот на Кадриу беше за малку непрецизен

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

80’ – Убава шанса за Дејан Блажевски. Акцијата почна од Спировски, топката преку Барсегјан дојде до Блажевски, кој шутираше со левата нога, но не беше прецизен.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

67’ – Пашовски со нова одлична интервенција на голот на Пелистер, овојпат бранејќи го ударот на Мбела од пет метри.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

67’ – Фелипе шутира од слободен удар, над голот на Работнички.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

57’ – Одличен шут на Јасир Асани, но Пашовски со извонредна интервенција исфрла во корнер

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)

58’ – ГООООООЛ за Македонија ЃП: Јане Ивановски го постигнува првиот гол за ѓорчепетровци на овој меч.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-0)

55’ – ГОООООООЛ за Шкендија. Дино Меѓедовиќ доаѓа до хет – трик постигнувајќи го петтиот гол за Шкендија. 

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

53’ – Удар на Фернандо Аугусто, голманот на Шкупи одбрани.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

53’ – Голема шанса за Работнички. Елмас од левата страна уфрли во средината за Иван Вуковиќ, тој шутираше од прва, но крај голот на Вардар.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

51’ – Барсегјан побегна по десната страна, сакаше да уфрли во средината за Блажевски, но одбраната на Работнички успеа да расчисти.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

46’ – Соседското дерби прво стартуваше со својот втор дел.

________________________________________________________

Крај на првото полувреме на сите натпревари од Првата фудбалска лига.

СИЛЕКС – РЕНОВА (2-0) 

43’ – ГОООООООЛ за Силекс. Антонио Каланоски носи водство од 2-0 за кратовскиот прволигаш.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

42’ – ГОООООЛ за Шкендија. Дино Меѓедовиќ го постигна својот втор гол на овој меч, за убедливи 4-0 уште по првиот дел. 

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

Крај на првото полувреме на соседското дерби.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-0)

39’ – ГОООООООЛ за Вардар. Убава акција на шампионот, Демири од левата страна ја уфрли топката вои средината, а Дамир Којашевиќ со прецизен удар ја погоди мрежата на Работнички.  

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

34’ – Убав контранапад на Шкупи, но голманот Пашовски стигна во последен момент да ја исфрли топката во аут

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

35’ – Одлилен волеј удар на Суад Сахити од 17 метри, Гачевски успеа да одбрани.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

30’ – Бесарт Ибраими излезе сам пред голманот Целески и рутински го лобуваше за водство од 3-0.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

28’ – ГООООООЛ за Шкендија. Бесарт Ибраими од пенал го зголемува водството на домаќините на овој меч. Шутираше во долниот лев агол од голот на Целески.  

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

26’ – Мбела излезе очи в очи со Пашовски, но голманот на Пелистер го одбрани неговиот удар и спречи водство на домаќините од 2-0.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

21’ – ГООООООЛ за Шкупи…стрелец Муарем Бајрами.  Од скратен корнер од 30 метри тој нафрли во шеснаесетникот, топката удри на земја на пет метри од гол-линијата, отскокна преку голманот Пашовски и заврши во неговата мрежа.

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

12’ – Баже Илијоски нафрли од десната страна, но „пелистерци“ не успеаја посериозно да се заканат по голот на Шкупи.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

17’ – Филип Ивановски шутира со глава по центаршутот од левата страна, но над голот на Вардар.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

15’ – Никола Глигоров шутира крај голот на Шишковски.

СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0) 

7’ – ГОООООЛ за Силекс. Александар Панпвски го отвори резултатот во корист на кратовскиот прволигаш. 

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

10’ – ГОООООЛ за Шкендија. Веќе во десеттата минута, Шкендија ја материјализира надмоќта против Македонија ЃП со голот на Дино Меѓедовиќ. 

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

5’ – Бесарт Ибраими шутира од слободен удар од 30 метри, крај голот на Македонија ЃП.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

3’ – Прва шанса за Шкендија, по корнер од десната страна дефанзивците на гостите расчистуваат од самата гол-линија.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

1’ – Стартуваше дербито на „Телеком Арена“, веќе во првата минута удар на Фелипе од 15 метри, но над голот на Шишковски.

Вардар го напаѓа Работнички со Барсегјан и Блажевски,а од позадина ќе делуваат Којашевиќ и Фелипе. Работнички со поранешниот „вардарец“, Филип Ивановски во нападот.

Шкендија и во ова коло ќе биде без Ферхан Хасани. Но, тренерот Томас Брдариќ изведе офанзивна формација на теренот, со Ибраими, Абдурахими, Меѓедовиќ и Јуфо во првиот состав.

Се вчитува...