ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички славеше во Струмица, Шкупи и Ренова одиграа за „романтичарите“

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 35. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (2-0)

Тантуровски 30′, Кировски 44′

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (4-1)

Зејнулаи 26′, 84′, Тотре 51′, Жуниор 67′ – Иванов 52′

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА (6-0)

Попзлатанов 18′, 37′, 46′, Мицевски 32′, Колевски 43′, Фелипе 48′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Ацковски 38′

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (2-2)

Сержињо 9′, Устабаши 60′ – Рамадани 52′, 59′

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 35. КОЛО ВО ПМФЛ!

  • Крај и на мечот во Чаир. Шкупи и Ренова одиграа реми кое најмногу му одговара на Работнички во трката за 4. место на табелата!
  • Крај на натпреварот меѓу Вардар и Победа. Убедлив триумф на „вардарци“ од 6-0…

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (4-1)

4-1 – 84′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен соло продор на Арбин Зејнулаи кој со својот втор гол носи и убедливи 4-1 за тетовци

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (3-1)

3-1 – 67′ – ГООООЛ НА ШКЕНДИЈА. Ефектен погодок со ножички на Стенио Жуниор

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

59’ – Мирчевски го погоди дирекот на Работнички со удар од десетина метри

ШКУПИ – РЕНОВА (2-2)

2-2 – 60′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Чаирчани брзо израмнуваат со голот на Берат Устабаши по водството на Ренова

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (2-1)

2-1 – 52′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Откако Шкендија поведе со 2-0 со голот на Енур Тотре, по само една минута Кристијан Иванов стрелец за „пандевци“

ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 59′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. Изненадувачки, Ренова до целосен пресврт и со играч помалку. Втор гол на Рамадани за водство од 1-2

ШКУПИ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 52′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. И со играч помалку по исклучувањето на Влатко Стојановски во 44. минута,  Ренова успева да израмни, со голот на Емран Рамадани

ВАРДАР – ПОБЕДА (6-0)

6-0 – 48′ – ГОООЛ ЗА ВАРДАР. „Црвено-црните“ ја полнат мрежата на Победа. И Хуан Фелипе се запишува во листата на стрелците

ВАРДАР – ПОБЕДА (5-0)

5-0 – 46′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. И петти гол во мрежата на Победа, хет-трик на Јован Попзлатанов

  • Почеток на вторите 45 минути до 35. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 44′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Кировски шутира од 15 метри, а голманот на гостите Ефремов неспретно реагира и од неговите раце топката отседнува зад гол-линијата

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 38′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одличен продор на Херера по левата страна, нафрла пред голот на домашните каде Ацковски од 11 метри одлично погодува за водство на Работнички

ВАРДАР – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 37′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Попзлатанов го постигнува својот втор гол за водство веќе и од 3-0

ВАРДАР – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 32′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Дарко Мицевски ја зголемува предноста на домашните против отпишаната Победа

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 30′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Нафрлување од левата страна, Грозданоски грешки кај гостите на 18 метри а Дејан Тантуровски одлично продира по десната страна и мајсторски стрела за водство

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

28’ – Серафимовски нафрли од десната страна, Мирчевски шутираше со глава, но директно во Јанков

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 26′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прекрасен погодок на Арбин Зејнулаи кој со шут од 20 метри стрела под гредата од голот на „пандевци“.

ВАРДАР – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 18′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Домашните сосема очекувано брзо доаѓаат до водство со голот на Јован Попзлатанов

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

13’ – Корнер од левата страна, дефанзивците на Беласица за малку ќе си постигнеа автогол

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

12’ – Петар Петковски во дриблинг нанижа неколку фудбалери, шутираше, но Вујанац одбрани

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 9′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Сержињо го носи Шкупи до предност на дуелот со Ренова.

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

10′ – Бројни прекини во Тетово. „Балистите“ веќе го најавуваат шампионското крунисување, па по нивното пиротехничко шоу прекин во Тетово…

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

4’ – Гофри во одлична шанса, шутира од пет метри, но Вујанац одлично одбрани и спаси сигурен гол

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-0)

4′ – Прва шанса за домашните, но Благојевиќ убаво интервенира во одбраната исфрлајќи во корнер

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 35. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Шампионскиот пехар пристигна во Тетово. Шкендија го очекува официјалното шампионско крунисување… Дуелот на Градскиот стадион во Тетово почнува со честитки од тимот на Академија Пандев за шампионската титула на Шкендија!

  • Победа едвај со 14 фудбалери на гостувањето против Вардар во Скопје…

  • Познати составите и за пресметката меѓу Беласица и Работнички во Струмица која може да даде одговор во трката за опстанок…

======================================================================================

Во 35. коло од сезоната 2018/2019 во македонската Прва лига погледите кон двата натпревари кои носат битка за прволигашки статус. Во Ѓорче Петров, Македонија ќе биде домаќин на Силекс, а Беласица неизбежно мора да бара бодови од пресметката против Работнички во Струмица.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...