ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шампионот тргна со пораз од Струмица, победи за Струга ТЛ, Ренова и Шкупи

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 1. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ (2-0)

Јурина 70′, Оудиаби 87′

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС (1-0)

Велија 38′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

Пандев 55′

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Мустафов 22′, Лена 60′ – Марковиќ 8′

УТРЕ

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (17:30 ч.)

======================================================================================

  • Крај на сите натпревари од 1. коло во ПМФЛ.
  • Крај на натпреварот во Струмица. Победа на Академија Пандев против Шкендија!

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

90′ – Најголемата шанса на Шкендија за израмнување. Бејтулаи ја погоди гредата од голот на Академија Пандев

ШКУПИ – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 87′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот на Оудиаби, чаирчани водат и со 2-0 против Борец

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (2-1)

74′ – 100% шанса за Работнички. Бразилецот Јаго Да Силва во два наврати од десеттина метри со обид кон голот на Струга ТЛ, но непрецизен

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

71′ – Стојкоски во одлична шанса, но Захов успева да спаси нов гол на домашните

ШКУПИ – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 70′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Чаирчани доаѓаат до предност против Борец со голот на Јурина

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 60′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По нафрлувањето на Мустафов од десната страна, Нијас Лена пред голот на Работнички стрела во мрежата на гостите од 7-8 метри

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

58′ – Нов обид на Мустафов од 20 метри, но за малку покрај голот на Дамјан Шишковски

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 55′ – ГОООЛ за Академија Пандев. Сашко Пандев од слободен удар од 18 метри со прекрасен шут над живиот ѕид носи водство.

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

50′ – Фелипе шутира од 12 метри, Чубраковиќ одлично одбрани

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА МЕЧЕВИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РЕНОВА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Башким Велија постигнува погодок за водство на „гипсарите“ против Силекс

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

42′ – Сашко Пандев имаше шанса, но одбраната на Шкендија блокираше во последен момент.

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

36′ – Огромна шанса за Работнички. Ацковски изби сам пред голот на домашните, но од 15 метри шутираше за малку непрецизно покрај левиот дирек

ШКУПИ – БОРЕЦ (0-0)

34′ – Без многу возбудувања на дуелот во Чаир, каде домашните го диктираат ритамот со отворена желба за погодок

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

25′ – Стенио Жуниор беше во шанса, шутираше откосо од десната страна, Чубраковиќ одбрани со нозе.

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 22′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Супер гол на Бурхан Мустафов. Со шут од околу 25 метри прецизно стрела за израмнување на дуелот против Работнички

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 8′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлично од десната страна нафрли Паповиќ, а пред голот на домашните највисок во скокот со глава Србинот Иван Марковиќ кој прецизно стрела од 7-8 метри

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

5′ – Прва шанса за Струга ТЛ, Цветаноски се обиде директно од слободен удар но Шишковски одлично одбрани

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

8′ – Агим Ибраими шутира од слободен удар, Чубраковиќ одбрани

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

5′ – Мирен почеток на дерби пресметката во Струмица, без шанси и на двете страни

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дерби пресметката во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкендија…

  • Струга ТЛ и Работнички во најсилните состави на дуелот во Струга…

  • Стартните состави и за дуелот меѓу Шкупи и новиот прволигаш Борец…

======================================================================================

Почеток на 28-та сезона од Првата македонска фудбалска лига. Со четири натпревари денеска стартува новиот фудбалски шампионат во кој се чини, ако се исклучи Шкендија која повторно е фаворит за титула, не очекува сериозна неизвесност. Од денешната програма се издвојуваат дуелите во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкендија, како и оној во Струга меѓу новиот прволигаш Струга ТЛ и Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...