ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Велес остана неосвоен, нов шок за Шкендија

ПМФЛ – 2. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ   0-0

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ                             2-1

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР                                                            0-0

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА                                           1-0

ВЧЕРА ИГРАА:

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0

===========================================================================

Крај на сите натпревари од второто коло во Првата Фудбалска Лига на Македонија.

БОРЕЦ – ВАРДАР

88’ – „Вардарци“ притискаат, создадоа две одлични шанси во финишот преку Мицевски и Жуниор, но не успеваат да ја затресат мрежата на Борец.

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ                2-1

49’ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА, повторно одлична акција по десната страна и центаршут во петерецот, од каде еден домашен фудбалер ја затресе мрежата на гостите.

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

И покрај неколкуте шанси, на натпреварот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев се уште не е постигнат ниту еден гол.

БОРЕЦ – ВАРДАР

75’ – ЦРВЕН КАРТОН ЗА БОРЕЦ: Втор жолт картон за Петров по стартот врз Жуниор. Судијата оправдано го упати домашниот фудбалер кон соблекувалните.

БОРЕЦ – ВАРДАР

67’ – Вардар тргна во опасен контранапад, Жуниор го проигра Цветаноски, но неговиот удар од петнаесетина метри откосо заврши во рацете на домашниот голман.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 

56’ – Ќатип Османи го уфрла во игра Бесарт Ибраими, во обид да направи пресврт на гостувањето во Кратово.

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ                 1-1

49’ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА, слободен удар од работ на шеснаесетникот, дојде до мешаница во која гостите подобро се снајдоа и преку Цветаноски го израмнија резултатот.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА          1-0

48’ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС…Фантастичен погодок на Филип Дуански, со удар од 25 метри што заврши во горниот агол од голот на шампионот.

БОРЕЦ – ВАРДАР

48’ – Првата шанса во второто полувреме ја имаа домаќините, со удар надвор од шеснаесетникот, но Гачевски успеа да одбрани.

============================================================================

Крај на првото полувреме на сите натпревари, со само еден постигнат гол – оној за водство на Ренова против тимот на Струга. Шкендија не успеа да ја круниса доминацијата, Радески во 45. минута го погоди дирекот на Силекс. Вардар и покрај поголемиот посед на топката не успеа да стигне до водство против Борец, а без голови е и на дуелот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев.

БОРЕЦ – ВАРДАР

41’ – Вардар е многу подобар на теренот, а пред крајот на полувремето ја создаде и најубавата шанса. Колевски шутираше силно од работ на шеснаесетникот, но топката заврши сантиметри крај голот на велешани.

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ                 1-0

30’ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА, одлична акција по десната страна и нафрлање во срцето на петерецот, од каде топкатаСелмани рутински ја смести во мрежата на Струга Трим Лум.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

18’ – Зицер за гостите од Тетово, по една мешаница топката на седум-осум метри од противничкиот гол стигна до осамениот Радески, кој наместо да ја смести во мрежата биеше високо над гредата.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

13’ – Прва шанса и за Силекс, по брз контранапад и центаршут од десната страна еден домашен фудбалер се најде осамен на работ на петерецот, но од идеална ситуација не ја зафати топката со глава онака како што сите очекуваа во таборот на кратовци.

БОРЕЦ – ВАРДАР

9’ – Прва шанса за Вардар, од полуконтра во добра позиција се најде Мицевски, шутираше од дваесетина метри, но домашниот голман успешно интервенираше.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

2’ – Тетовци тргнаа фуриозно, во првите две минути создадоа две шанси. Најпрвин дефанзивците на Силекс во последен момент интервенираа, а потоа од 20 метри се обиде Агим Ибраими, но домашниот голман го одбрани неговиот удар.

БОРЕЦ – ВАРДАР

Натпреварот меѓу Борец и Вардар почна со минута молчење, во знак на почит кон поранешниот голман на двата клуба, Зоран Паунов. Во негова чест, од денеска градскиот стадион во Велес и официјално е именуван во „Стадион Зоран Паунов“.

Четири натпревари се попладнево на програмата во рамките од второто коло од Првата лига, а интересно ќе биде да се види како Шкендија и Вардар ќе реагираат по поразите на стартот на сезоната.

Тетовци му гостуваат на Силекс, меч што тренерот Ќатип Османи реши да го стартува без најдобриот напаѓач Бесарт Ибраими, кој ќе го почне дуелот на клупата за резерви. Радевски и Имери ќе бидат задолжени за голови во таборот на актуелниот првак, помогнати од Фелипе и од Агим Ибраими.

Вардар му гостува на тимот на Борец, прв прволигашки натпревар во Велес по долга, долга пауза.

Струга Трим Лум по одличното прволигашко деби и победата над Работнички денеска ќе се обиде да приреди изненадување и на гостувањето против Ренова, додека во репризата на финалето од Купот на Македонија, тимот на Македонија ЃП ќе го пречека составот на Академија Пандев.

Се вчитува...