Прва одбојкарска лига: Вардар убедлив, Струмица и натаму лидер

Одбојкарите на Вардар славеа убедлива победа од 3-0 против Универзитет Тетово во 10. коло од Првата одбојкарска лига на Македонија.

Лидерот Струмица беше слободен во оваа рунда натпревари, а лесна победа запиша и Весна Пробиштип против Лирија.

Во 10. коло од Првата лига за жени водечките Куманово и Јанта Волеј славеа убедливи победи од 0-3 на гостувањата против Бами Кор односно Универзитет Тетово.

Се вчитува...