Екипата на Вардар забележа победа на пријателскиот натпревар против Рогашка (2-1), прва радост за македонскиот вицепрвак на подготовките во Словенија.
„Црвено-црните“ настапија со комбиниран состав, но тренерот Васоски може да биде задоволен од изданието на своите избраници. Адем ја круниса подобрата игра на „вардарци“ за водство од 1-0, а откако противникот израмни, конечните 2-1 ги постави Колевски.
Вардар до крајот на подготовките ќе одигра уште еден контролен меч во Словенија, по што „црвено-црните“ ќе се вратат назад во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА