Прва пол-позиција за Ленс Строл во кариерата

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл стигна до првата пол-позиција во кариерата откако беше најдобар на квалификациите за големата награда на Турција. Канаѓанецот до својот најдобар резултат во кариерата стигна со време од 1:47.765 и на тој начин ја прекина доминацијата на возачите на Мерцедес кои на влажната патека во Турција не се снајдоа најдобро.

Втор во квалификациите беше Макс Верстапен од Ред Бул, а третото место му припадна на клупскиот колега на Строл, Серхио Перез. Хамилтон ќе стартува од шестата позиција, додека Валтери Ботас квалификациите ги заврши како деветти.

Се вчитува...