Прва радост за Химки, Мекалум го скрши отпорот на Црвена Звезда

Химки по петте порази во низа конечно ја забележа првата победа во Евролигата, триумфирајќи на домашен терен против Црвена Звезда со резултат 83-77. Рускиот тим кон на стартот од сезонава се мачеше со отсуства поради коронавирус сега е речиси комплетен (недостигаше единствено повредениот Јовиќ), па по голема битка успеа да ја запре „црната серија“ во елитното европско натпреварување.

Човек на одлука беше американскиот бек Ерик Макалум, кој блесна во последната четвртина. Мечот беше израмнет се до последните осум минути, кога  Мекалум ги зеде работите во свои раце, го наполни кошот на гостите од Србија и му ја донесе победата на својот тим.

Токму Американецот беше прв стрелец на победничката екипа со 23 поени, Швед имаше 15 поени и 12 асистенции, додека најефикасни кај Црвена Звезда при денешинот пораз беа Лојд со 18 и О’Брајант со 14 поени.

Се вчитува...