Навивачот на софиски Левски, 29-годишниот Драгомир кој беше избоден со нож во скопската населба, Чаир пред натпреварот меѓу Левски и Шкупи во квалификациите за Конференциската лига, со први коментари за се што се случуваше во Скопје изминатиот месец.
Тој имал повреда во црниот дроб и во првите мигови повредата била опасна по живот.
Драгомир, по престојот во клиниката во Скопје, и краткото лекување потоа во Софија сега е веќе дома успешно опоравен по повредите на црниот дроб кои, како што вели, во прв момент биле опасни и по живот.
„Немаше никаква провокација од наша страна. Само бевме на погрешно место во погрешно време, а масовниот напад се случи додека мирно чекавме на семафор. Воопшто не патувавме во Скопје за да правиме проблеми. На градницата не чекаа полициски автомобили кои ги спроведоа сите навивачи од Бугарија до стадионот. Некои заостанавме а други се движеа побрзо. Откако другите подзаминаа нас полициска патрола не упати да продолжиме понатаму. Имавме вклучен ГПС и преку најкраткиот пат почнуваме да влегуваме во маалото. Не знаевме што е, немаше никаков знак. Гледаме дека во соседството има луѓе на улица, муслимани. Решивме да продолжиме, не знаевме каде сме, полициска кола немаше. Се движевме полека, сите бевме облечени во сино“ – вели Драгомир, кој негира дека било како провоцирале.
„Не направивме апсолутно никакви провокации. Ние само стоевме на семафор и мирно и чекаме. Седев зад совозачкото седиште и забележав момче на околу 25-30 години како оди покрај колата и почна да ме влече. Кога се обидов да се повлечам ме удри со бокс во окото. Постојано влечеше, не се откажуваше, па решив да ја отворам вратата. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвен столб, со кој ме удри по глава. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе, па решив да се вратам во колата и токму во тој момент бев избоден. Подоцна сфатив дека тогаш сум бил избоден. Се случи за неколку минути, луѓето постојано доаѓаа, фрлаа цевки, шишиња, а во моментот кога успеав да се оттргнам, тие удрија во задниот прозорец и го скршија. Беше како во филмовите, многу брзо. Страшен шок. Главата ми крвареше а од адреналинот не сфаќав дека сум прободен. Застанавме да видиме колкава е штетата и чувствувам дека целата маица ми е мокра. Видов дека има многу крв, дека имам убодна рана. Едното момче со нас беше доктор па ми даде прва помош“.
Драгомир потоа со полиција бил однесен до болница каде изгубил свест. Потребна била трансфузија на крв и голема операција.
„Им благодарам многу на лекарите за се што направија за мене. Имав грижа и постојано ја следеа мојата состојба“ – раскажа Драгомир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА