Први позитивни на Ковид-19 и во Металург

Kоронавирусот не го одмина и Металург. По цела низа тестирања изминатиов период со негативни резултати, денеска за првпат позитивни на Ковид-19 и во редовите на РК Металург.

„РК Металург до денеска успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. Исклучок не е ни Металург. Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена. Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките“ – изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Металург в понеделник ќе замине во Франција, каде во вторник треба да го игра првиот натпревар во групната фаза на Лига Европа против екипата на Тулуз.

Се вчитува...