Првиот човек на Ла лига: Заминување на Меси не е добра идеја

Првиот човек на Ла лига, Хавиер Тебас даде свое мислење околу целата ситуација која се случи во Барселона во летниот преоден рок и шекулациите околу заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси. Иако Лео имаше голема желба да замине од „Камп ноу“, тоа не беше возможно без големо обештетување, па поради тоа одличниот Аргентинец одлучи и оваа сезона да остане во главниот град на Каталонија.

„Како што секогаш говорам така ќе кажам и сега, го сакам Лео во Барселона. Ако остане во Барселона, многу е подобро и за Меси и за Барселона и за Ла лига. Не сум сигурен дека за ниту една од страните би било добра опција тој да замине“, изјави Тебас. 

За потсетување целата сага околу заминувањето на Лионел Меси, почна поради катастрофалниот однос и големото незадоволство кое го имаше аргентинскиот ас кон раководството на клубот, предводено од претседателот Бартомеу.

Се вчитува...