И покрај тоа што Велика Британија им забрани на руските тенисери да настапуваат на турнирот во Вимлбдон, трофејот во женскиот дел го освои Елена Рибакина. И покрај тоа што настапува под знамето на Казахстан, Рибакина е родена во Москва.
До 19 години играше под знамето на Русија, а потоа поради подобри услови се одлучи да настапува под знамето на Казахстан, и сега го освои првиот грен-слем турнир, победувајќи ја во финалето Онс Жабер од Тунис.
Првиот човек на тенискиот сојуз на Русија, Шамил Тапшиев не ја пропушти шансата да се радува на овој трофеј.
„Одлично. Браво Рибакина, го освоивме Вимблдон“, рече за „Риа Новости“.
Иако некои тврдат дека овој трофеј на Рибакина е пораз за рускиот тенис, сепак, првиот човек на рускиот тенис смета дека не е така.
„Убаво е што Рибакина играше финале и добро е што го освои трофејот, затоа што е наш производ“, кажа Тапшиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА