Првиот човек на Струга Трим Љум, Менди Ќира, во своето годишно интервју како осврт на уште една успешна година за својот клуб вели дека е задоволен што неговиот млад клуб расте од година во година оставајќи квалитетен печат изминативе сезони во
Менди Ќира е најзаслужниот за повторното вистинско елитно враќање на фудбалот во Струга со формирањето на Струга ТЛ и брзата експанзија на клубот.
Колку првично сте задоволни од есенскиот дел, но воопшто и од целата 2021 година?
„Како млад клуб, ФК Струга Трим Љум со успехот што го постигна не направи горди не само нас, туку и цела Струга! Како млада екипа, пак, секако дека понекогаш имаше и свои осцилации и можни неизвесности, но генерално тимот има добра полусезона зад себе и дава надеж за поголем раст и сигурност. Без сомнение, ова не прави горди и оптимисти за продолжението од шампионатот“.
Во годината која ја оставаме зад нас, Струга Трим Љум го забележа најголемиот успех во историјата. Првпат играше во Европа. Мислите дека сето тоа може да се повтори и оваа сезона?
„Да, тимот мора да го повтори успехот од минатата година за да излезе на меѓународна сцена, зошто да не, да има и продолжение во тоа натпреварување. А условите, ако ги превземеме генерално, диктираат силна мобилизација. Токму тоа е нашата цел, но не само нашата, туку и на тренерот, на нашите момци кои играат, љубителите на фудбалот во Струга, но и надвор од неа, затоа што сега имаме симпатизери и од Албанија, Косово, дијаспората…“
Кој е попристапниот пат на Струга Трим Лум за да стигне до Европа. Преку првенството или преку Купот, со оглед на тоа што клубот обезбеди место и во полуфинале на Купот?
„Имаме две патеки за остварување на целта, едната преку Купот каде веќе сме во полуфинале, другата низ првенството. Можностите се реални, бидејќи и одморот ќе биде добредојден за екипата. Но, секако нема да биде лесно ако нема максимална посветеност и ангажман“.
Со вас на чело, Струга Трим Љум брзо стана една од најценетите клубови во државата. Да не заборавиме дека сте основани само во 2015 година, па за шест години, вие веќе по третпат играте меѓу најдобрите, а веќе клубот е и на меѓународната сцена….
„Достигнувањата дојдоа како резултат на нашето спонзорство, со нашите сили, кое воедно е и единствено финансирање на клубот. Како дополнение на тоа и голема посветеност на моите два сина, Трими и Љуми, челните луѓе на клубот, вклучувајќи го тука и тренерот, прекрасните фудбалери и моето семејство“.
ЦЕЛТА Е ИЗЛЕЗ НА МЕЃУНАРОДНАТА СЦЕНА И ОВАА СЕЗОНА
Каде ја гледате Струга Трим Љум во следните пет години?
„На понапредно и поквалитетно ниво во Првата лига, а зошто да не и на самиот врв на табелата“.
А на која позиција Струга ТЉ може да го заврши првенството оваа сезона?
„Ние целиме на меѓународната сцена, се надевам дека ќе успееме“.
Следува зимската пауза, фудбалерите се на заслужен одмор. Вие пред неколку дена приредивте вечера за целиот персонал на клубот. Што им кажавте и што ветивте пред тимот? Можеме ли да бидеме сведоци на некоја бомба во јануарскиот преоден рок, или пак такво нешто би оставиле за на лето, кога и официјално ќе се знае дали ќе се избори европската сцена?
„Секако, засилувањата нема да изостанат, се со цел тимот да се формира и да стигне до целта. Секако општината и локалните институции очекуваме да помогнат на клубот затоа што тој го развива спортот во Струга. Кога сме кај помошта на институциите, треба да се каже: За жал, од формирањето на клубот веќе шест години, можам да кажам дека сме единствени во Македонија кои во каква било форма, било материјална или логистичка, не сме имале помош од општинските институции, како што е во другите општини, кои во една или друга форма им помагаат на спортските клубови. Дури и градскиот стадион каде ги играме натпреварите го плаќаме, и покрај тоа што ФК Струга Трим Љум го прави градот Струга горд со истото име, како во нашата земја, така и во странство. За крај дозволете ми да посакам 2022 година да ни донесе среќа со победи и полни успеси, а пред се здравје, и истовремено ги повикувам институциите повеќе да ја насочат главата кон спортот, кој е основа на здравјето кај младите!“ – истакнува Менди Ќира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА