Првиот работен ден на Пирло во Јуве (ФОТО)

Со лекарските прегледи денеска и официјално се означува стартот на подготовките за новата сезона во таборот на Јувентус, што воедно е и прв работен ден на Андреа Пирло како шеф на стручниот штаб на „старата дама“.

Новиот тренер пристигна меѓу првите во тренинг-базата Континаса, а една од првите работи што ги направи беше давање на автограм, со потпис на дрес на Роналдо за еден од најмладите фанови што беа присутни пред тренинг-комплексот на Јуве.

Прв асистент на Пирло ќе му биде неговиот поранешен соиграч од Јувентус, дефанзивецот Игор Тудор, а во стручниот штаб на новиот тренер има место за уште еден поранешен калчолигашки фудбалер, Роберто Баронио.

Се вчитува...