Првиот ривал на Македонија се уште не е стигнат во Скопје, одложен еден меч од кадетското СП

Почетокот на ракометниот светски шампионат за кадетки донесе неочекувани проблеми откако неколку селекции поради проблеми со конекциите со летовите доцнат со пристигнување во Скопје.

Од оваа причина веќе беше одложен еден натпревар, откако селекцијата на Индија не се појави на терен за утринскиот дуел со Казахстан, Пристигнувањето на Индијките се очекува во текот на денешниот ден и ако тоа се случи, можно е дуелот да биде презакажан за нов термин во наредните денови.

Во исчекување се и македонските ракометарки, кои се уште не знаат дали вечерва ќе го одиграат својот премиерен дуел на шампионатот со селекцијата на Сенегал. Африканската селекција се наоѓа на пат кон Скопје и се очекува попладнево конечно да пристигне во Македонија. Доколку Сенегалките дојдат во попладневните часови, тие ќе излезат на мегдан во СЦ „Борис Трајковски“, но дојде до ново доцнење, и овој меч би требало да биде презакажан за друг ден или да биде регистриран со службена победа на Македонија, одлука што ИХФ ќе ја донесе на крајот на денот или најдоцна до утре наутро.

Се вчитува...