Првиот шампионски прстен на Коби Брајант продаден за речиси милион долари

Првиот шампионски прстен на прерано починатиот Коби Брајант од 2000 година е продаден на аукција за 927 илјади долари. Славниот ас на ЛА Лејкерс кој настада во пад на хеликоптер во 2020 година истиот му го поклони на неговиот татко, а тој се одлучи да го продаде за рекордна сума.

Прстенот се состои од 40 дијаманти и 14 каратно злато. На него е гравирано името на Брајант, рекордот од регуларниот дел од сезоната и плеј-офот како и бројот осум кој тој го носеше во шампионскиот поход.

Претходната рекордна сума издвоена за НБА прстен беше во 2021 година кога прстенот на Бил Расел од 1957 година беше продаден за 705 илјади долари.

Се вчитува...