Првите спортисти жртви во Украина: Убиен бијатлонецот Малишев, и двајца фудбалери

Од Украина известување и за првите спортисти жртви во руската инвазија на својот сосед. Денеска за време на нападит во Харков убиен е еден од најдобрите спортисти на Украина, младиот 20-годишен Јевгениј Малишев.

Малишев беше најдобриот бијатлонец на својата земја, олимписка ѕвезда во раст…

„Длабоко сочувство на семејството и пријателите. Ќе остане во наше вечно сеќавање“ – информираа од Бијатлонскиот сојуз на Украина.

Во текот на денот се убиени и двајца млади фудбалери кои ја извршувале воената служба во одбрана на својата земја, 21-годишниот Виталиј Сапило како и 25-годишниот Дмитриј Мартиненко.

Според официјалното известување на Обединетите нации досега е официјално потврдено дека се убиени 352 цивили во агресијата на Русија, меѓу кои и 13 деца до 14 години.

Се вчитува...