Прво заминување од Јувентус: „Адио“ за Србинот

Српскиот фудбалер Филип Костиќ е подготвен за ново поглавје во својата кариера бидејќи ова лето ќе биде слободен агент.

Неколку играчи на Јувентус остануваат без договори по завршувањето на сезоната, меѓу нив Душан Влаховиќ и Филип Костиќ, а додека се зборува за можно останување на напаѓачот во Торино, сепак, крилниот фудбалер е на излезна врата. 

Јуве нема да му понуди продолжување на соработката која датира од 2022 година кога пристигна од Ајнтрахт за околу 15.000.000 евра. Костиќ не остави голем белег кај „старата дама“, во меѓувреме беше позајмен во Фенербахче, но по неговото враќање, Лучијано Спалети не го користеше премногу. 

Тој се појави во 23 натпревари, со еден гол и една асистенција.

Се вчитува...