Дуелот помеѓу Беса и Башкими, за последниот учесник во Првата лига идната сезона ќе се игра во Кавадарци, а не во Чаир во Скопје како што беше претходно најавено.
Оваа промена доаѓа поради безбедносни причини, а тимот на Беса веќе ја најави промената и ги повика своите навивачи да дојдат и да дадат поддршка во Кавадарци.
Првично мечот беше закажан на стадионот Чаир во Скопје. Меѓутоа дојде до промена на местото, а во Кавадарци требаше да се одигра дуелот Осогово – Шкендија Арачиново во сабота во 17:00 часот. Засега нема промена на местото за овој натпревар.
Мечот помеѓу Беса и Башкими ќе се игра во недела во 17:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА