За Французите вчера се трнга наопаку. Најпрво го загубија Вилијам Салиба, потоа го загубија натпреварот со Шпанија и беа елиминирани во полуфиналето на Светското првенство.
Стоперот на Франција и на Арсенал мораше рано да го напушти натпреварот, а додека го напуштал теренот викал: „Мојот грб е готов“.
Салиба имал проблеми со оваа повреда веќе неколку месеци. Тој рече дека стиснал заби поради Лигата на шампионите минатата сезона, и поради Светското првенство, а сега ќе треба да види со стручниот штаб на Арсенал што ќе прави по најновата повреда.
Почетокот на клупската сезона се ближи, а вчрашната сцена од Тексас сигурно ќе го загрижи тренерот на Арсенал, Микел Артета, за кого Салиба е столб на одбраната покрај воинствениот Габриел.
Лондонскиот клуб ќе го одигра својот прв натпревар оваа сезона за нешто повеќе од еден месец против Манчестер Сити во финалето на Комјунити Шилд, а само една недела подоцна ќе го одиграат својот прв натпревар во Премиер лигата против Ковентри.
Сето ова ја стеснува можноста Французинот да му биде на располагање на Артета за почетокот на новата сезона, особено затоа што проблемот со грбот се провлекува веќе подолго време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
