Првото засилување на Мареска во Сити доаѓа од Челси

Енцо Мареска денеска и официјално беше промовиран како нов менаџер на Манчестер сити, а италијанскиот стратег веќе даде насоки околу фудбалерите што сака да ги види во дресот на „граѓаните“. Андерсон беше доведен од Нотингем Форест пред промоцијата на Мареска, но како прво засилување на итлаијанскиот стручњак во новиот клуб се очекува да биде ас од неговиот поранешен тим, Челси.

Десниот бек Мало Густо се наоѓа многу блиску до потпис со Манчестер Сити откако веќе ставил до знаење кај челниците на Челси дека сака да го следи Мареска и по заминувањето од „Стемфорд бриџ“ да се пресели на „Етихад“.

Во Челси се подготвени за ваков развој на настаните, па затоа веќе и го доведоа Палестра од Аталанта како нов десен бек, позиција на која стандарден вообичаено е капитенот Рис Џејмс.

„Сините“ би дале зелено светло за заминување на Густо, но бараат огромни 75 милиони фунти за францускиот интернационалец. На потег е раководството на Манчестер Сити, да стори се да му ја исполни желбата на новиот тренер, или пак доколку оцени дека Мало Густо е прескапа опција, да го сврти вниманието кон други играчи за позицијата десен бек.

Се вчитува...