Првпат од 1955 година НБА-финалето без освојувач на прстен

По првпат од 1955 година во НБА финалето нема да настапи ниту еден кошаркар кој веќе ја има освоено титулата. Во 1955 година во финалната серија се сретнаа Сиракјуз Нешнелс и Форт Вејн Пистонс, кое со 4-3 го доби тимот од Сиракјуз.

Тоа е последната екипа која освоила прстен, а во тимот да немала ниту еден претходен освојувач на титулата. Годинава тоа ќе се повтори бидејќи во финалето Феникс Санс ќе игра против подобриот од серијата на Истокот меѓу Милвоки Бакс и Атланта Хоукс, во која Бакс имаат предност од 3-2.

Во трите преостанати франшизи нема ниту еден освојувач на титула што значи дека по 66 години повторно ќе гледаме финале во кое сите кошаркари ќе имаат шанса за првпат да стигнат до трофејот.

Се вчитува...