Грчки АЕК не успеа да се избори за настап во групите од Лигата на шампионите откако загуби пред своите навивачи и на реваншот од плејофот од белгиски Антверпен со 1-2.
По поразот на домашен терен од 0-1, денеска Антверпен славеше и во Грција за место во групите од ЛШ.
Место во групната фаза обезбедија и ПСВ Ајндховен и дански Копенхаген.
ПСВ убедливо со 5-1 триумфираше против Глазгов Ренџерс, а Копенхаген, пак, ремизираше пред своите навивачи со полски Раков, но пресуди гостинската победа на Данците од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА