ПСЖ бележи огромни загуби, Нејмар оди на итна продажба

Францускиот првак Пари Сен Жермен бележи огромни загуби со прекинот на првенствата во Европа поради коронавирусот, а раководството ќе се обиде да ја санира состојбата со продажбата на Нејмар. Спортскиот директор Леонардо одлучил дека Нејмар е ѕвездата која во моментот ќе мора да си замине од „Паркот на принцовите“, а клубот по секоја цена сака да го задржи Килијан Мбапе.

Вредноста на Нејмар на трансфер-маркетот значително падна од периодот кога тој за рекорден трансфер дојде од Барселона во ПСЖ. Тогаш „светците“ платија 222 милиони евра, а сегашната пазарна вредност на Бразилецот не е поголема од 150 милиони евра. Тој сака да да се врати во Барселона, но прашање е како најголемите европски клубови ќе реагираат во услови на оваа најнова криза.

Нејмар во ПСЖ заработува 37 милиони евра годишно, а Барселона и претходно напомена дека не размислува да му понуди повеќе од 24 милиони евра. Оваа сезона Нејмар за ПСЖ одигра 15 натпревари, постигна 13 гола и забележа шест асистенции.

 

 

Се вчитува...