Луис Енрике има огромни проблеми во пресрет на гостувањето против поранешниот клуб Барселона, откако стана јасно дека стратегот на ПСЖ нема да може да смета на четири клучни играчи за мечот во Каталонија.
Дембеле и Дуе се повредени веќе извесен период и јасно е дека ќе се вратат на терените дури по репрезентативната пауза, но проблем е што во одбраната ќе недостига капитенот Маркињос, додека во напаѓачката линија ќе го нема Кварацхелија. Грузиецот беше заменет на полувремето од последниот меч со Оксер, лекарските прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, па Кварацхелија ќе биде принуден да мине одреден период надвор од терените.
Добра вест е што барем Витиња, кој исто така се пожали на повреда против Оксер, доби зелено светло од лекарскиот тим и ќе може да настапи во Барселона. Средниот ред ќе биде дополнително засилен и со Жоао Невеш, кој ги надмина проблемите со својата повреда и ќе му биде на располагање на Луис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

