ПСЖ без четири првотимци за реваншот со Борусија

ПСЖ ќе брка негатива од еден гол на реваншот од осминафиналето против Борусија Дортмунд, но задачата е многу покомпликувана ако се земат во предвид проблемите со составот со кој се соочува Томас Тухел.

Андер Ерера заработи повреда и нема да може да настапи на реваншот во Париз, а вечерва стигна и нова лоша вест за „светците“, капитенот Тијаго Силва ќе мора да паузира најмалку три седмици по повредата заработена на дуелот со Бордо.

Покрај овие двајца првотимци, за ПСЖ нема да можат да настапат ниту десниот бек Мение, но и плејмејкерот Верати, кои се суспендирани.

Тухел се наоѓа во небрано, а на Германецот му е јасно дека елиминација од неговиот поранешен клуб ќе значи и автоматски отказ.

Се вчитува...