ПСЖ без проблеми против Стразбур, Лион не го дава врвот (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со 4-0 беше подобар од Стразбур во натпревар од 17. коло во француската Лига 1. „Светците“ поведоа со голот на Пембеле во 18. минута, На 2-0 зголеми Килијан Мбапе во 80, додека до крајот во листата на стрелци се запишаа и Гуеје и Кеан.

Тимот од Париз ќе има тешка задача да ја одбрани титулата, бидејќи Олимпик Лион е во одлична форма сезонава. Избраниците на Руди Гарсија го преслушаа Нант со 3-0. Екамби во 4, Кадевере во 37. и Пакета во 44. беа доволни за нов убедлив триумф на Лион.

 

 

 

Се вчитува...