ПСЖ броеше до пет против Монпелје

ПСЖ ја потврди доминацијата на француската фудбалска сцена откако лесно и убедливо славеше над Монпелје со 5-0. Тренерот Тухел реши на клупата да го остави Мауро Икарди заедно со Кавани, но тоа не се одрази врз настапот на „светците“, кои одиграа извонредно во нападот и ја наполнија мрежата на гостинскиот состав.

Сарабија го отвори резултатот уште во 8. минута со еврогол од дваесетина метри, а победникот беше решен десетина минути подоцна, кога гостинскиот голман Берто доби црвен картон за прекршок надвор од шеснаесетникот. Сарабија асистираше до Ди Марија за вториот гол на ПСЖ, а до крајот на полувремето шампионот зголеми на 3-0, со автоголот на Конгре.

Мбапе и Курзава беа стрелци во второто полувреме, за „петарда“ во мрежата на Монпелје и нов убедлив триумф на „светците“ од Париз.

Се вчитува...