ПСЖ даде два гола во судиското продолжение и се спаси од пораз

ПСЖ и по две кола е без победа во француското првенство, „светците“ ремизираа 2-2 и на второто гостување во низа, овојпат против Лил, откако вечерва во драматична завршница европскиот шампион се спаси од пораз со два гола постигнати во судиското продолжение.

Тимот на Луис Енрике очигледно се мачи да влезе во посакуваниот ритам, а противниците знаат како да го користат тоа. Лил по рецептот на Рен од минатиот викенд постигна гол во раната фаза од мечот преку Харалдсон, а кога Баиква даде еврогол во 84. минута се чинеше дека домаќините сигурно ќе го земат скалпот на шампионот.

ПСЖ покажа карактер, со евроголот на Витиња успеа да се врати и да намали на 2-1. Иако судијата најави три минути продолжение, се играа дури пет, а „светците“ буквално со последната акција на мечот стигнаа и до израмнување, со погодокот на капитенот Маркињос.

Се вчитува...