ПСЖ ги притиска „кралевите“ за Винисиус Жуниор

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да ја засили навалната линија со младиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Откако стана јасно дека Мбапе и Нејмар ќе останат најмалку уште една сезона, тренерот Томас Тухел сака замена за Единсон Кавани, кој е слободен агент со оглед дека истече неговиот договор со „светците“. Германскиот стратег посакува да го има во тимот Винисиус Жуниор.

„Кралскиот клуб“ не е премногу заинтересиран за негова продажба, има поголеми проблеми за решавање, пред се со ситуацијата на Герет Бејл, но гласините за Бразилецот повторно се засилија откако тој не доби шанса за настап на синоќешниот меч против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Зинедин Зидан беше елиминиран, а францускиот стратег му даде можност да стартува на Родриго. Винисиус Жуниор остана на клупата и не доби шанса ниту во финишот, кога Реал Мадрид имаше негатива.

Пари Сен Жермен сака да ја искористи оваа ситуација и нуди 80 милиони евра за ангажман на крилниот напаѓач на „кралевите“.

Се вчитува...