Милан и Челси во трка за фудбалер на Барселона

Милан ја засилува потрагата по дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин, но во битката за неговиот потпис ќе има силна конкуренција од Челзи.

Според шпанскиот „Ел Национал“, „росонерите“ ја зголемиле понудата за 23-годишниот Шпанец. Откако првично понудија 20 милиони евра, сега се подготвени да издвојат до 35 милиони евра за да го убедат каталонскиот клуб да го продаде.

Во Милан сметаат дека засилување во одбраната е неопходно, особено по ремито 2-2 против Селтик на првиот контролен натпревар, каде што беа видливи слабостите во дефанзивната линија.

Сепак, италијанскиот гигант нема лесно да стигне до потписот на Мартин. Сериозен интерес покажува и Челси, кој иако сè уште нема испратено официјална понуда, внимателно ја следи ситуацијата. Лондонскиот клуб планира да тргне по шпанскиот дефанзивец по евентуалната продажба на Трево Чалоба.

Останува да се види дали Барселона ќе биде подготвена да се раздели со Жерар Мартин или ќе одлучи да го задржи како дел од плановите за новата сезона.

Се вчитува...