ПСЖ го активира планот „Б“ откако Реал Мадрид го „украде“ Диоманде

Откако станува јасно дека Јан Диоманде наместо во Париз, ќе заврши во Мадрид, во дресот на Реал, ПСЖ подготвува понуда за херојот на штотуку завршениот Мундијал.

Феран Торес веќе некое време се поврзува со трансфер во ПСЖ, но сега после ова што се случи со интернационалецот на Брегот на Слоновата Коска, европскиот првак ќе ги интензивира преговорите со Барселона за ангажман на шпанскиот репрезентативец.

Освен него, ПСЖ го сака и Магнес Аклиуш од Монако.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, наводно го гледа Феран Торес како идеално решение за позицијата централен напаѓач по заминувањето на Гонсало Рамос во Милан.

Шпанскиот репрезентативец наводно е отворен за можноста за промена на средината, а ПСЖ подготвува четиригодишен договор за него со значително подобри финансиски приходи од оние што ги има во Барселона во моментов.

Парижаните планираат да ѝ испратат на Барселона понуда од околу 40 милиони евра , а таа сума сакаат да ја обезбедат со продажба на Рандал Коло Муани , кој е се поблиску до трансфер во Јувентус.

Се вчитува...