Европскиот првак ПСЖ постигна договор со Ајакс за трансферот на младиот белгиски напаѓач Мика Годтс, во зделка вредна 55 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Според информациите, клубовите постигнале усмен договор, а преостанува да биде разменета и официјалната документација за трансферот да биде целосно финализиран.
Годтс веќе ги договорил личните услови со францускиот шампион и се очекува да потпише договор со ПСЖ. Парижаните претходно испратиле понуда од 40 милиони евра плус пет милиони во бонуси, но Ајакс ја одбил.
Дваесетгодишниот Белгиец зад себе има одлична сезона во дресот на Ајакс. Во сезоната 2025/26 постигна 17 гола и запиша 12 асистенции во холандскиот шампионат, со што го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Неговиот потпис би можел да значи дека и дефинитивно Бредли Баркола може да се пресели во Премиерлигата, и да му се приклучи на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
