Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе ја добие трката за ангажман на сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали од Наполи. „Светците“ ќе платат 75 милиони евра и ќе го ангажираат одличниот дефанзивец и сегашен соиграч на Елиф Елмас. Барселона исто така беше заинтересирана за да го доведе Кулибали на „Камп Ноу“, но во моментот не може финансиски да одговори на барањата на Наполи со оглед дека има во план да ги ангажира и Нејмар и Лаутаро Мартинез.
Пари Сен Жермен реагираше најбрзо и се чини дека ќе успее да го повлече најдобриот потег како замена за Бразилецот Тијаго Силва кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Кулибали има договор со Наполи до јуни 2023 година, но претседателот Аурелио де Лаурентис, кој за дефанзивецот бараше и преку 100 милиони евра, сега е приморан да го продаде Сенегалецот по глобалната криза поради коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА