ПСЖ го купува Ренато Санчес?

Тренерот на францускиот првак ПСЖ, Томас Тухел, е во потрага по нов играч од средниот ред, откако минатиот викенд повреда заработи италијанскиот интернационалец Марко Верати. Дополнителна „дупка“ направија и несогласувањата меѓу клубот и Адриен Рабио, кој е префрлен да тренира во Б-тимот, затоа што не сакаше да го продолжи договорот.

Тухел гледа кон Германија и го сака Ренато Санчес, португалскиот фудбалер од Баерн Минхен. За него ПСЖ е подготвен да плати 15 милиони евра. Спортскиот директор на „светците“, Антеро Енрике, веќе имал првична средба со Хасан Салихамиџиќ, но и не добил конкретен одговор за неговата понуда.

Се вчитува...