ПСЖ го носи Суарез како замена за Кавани

Францускиот првак Пари Сен Жермен не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите, потклекна во големото финале против Баерн Минхен, но раководството на клубот не се откажува од намерата уште повеќе да го засили тимот за новата сезона. Уругваецот Луис Суарез кој доби порака од Роналд Куман дека нема да биде дел од Барселона во новиот шампионат, е желбата на „светците“ за засилување на нападот. Тој треба да биде замената за Единсон Кавани кој го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен агент и најверојатно ќе ја засили Бенфика.

Холандскиот стратег Роналд Куман лично му порача на Суарез дека не се вклопува во неговата концепција за тимот за следната сезона, а ПСЖ ќе чека тој да го раскине договорот и потоа да го ангажира како слободен агент. За Уругваецот се интересираше и неговиот поранешен клуб Ајакс, но тој се заблагодари на понудата и порача дека има амбиции да игра во некоја од поквалитетните европски лиги.

Од Пари Сен Жермен летово многу веројатно ќе си замине Џулијан Дракслер кој има договор до јуни 2021 година, но раководството ќе му понуди спогодбен раскин на договорот.

 

 

Се вчитува...