Лукас Дињ и официјално се враќа во Пари Сен Жермен, откако францускиот гигант ја активираше откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила.
Искусниот лев бек се враќа во Париз по десет години, а трансферот изнесува околу 6 милиони фунти. Дињ веќе има тригодишен период во дресот на ПСЖ, во кој настапуваше пред да ја продолжи кариерата во Рома, Барселона, Евертон и Астон Вила.
„Клубот многу се промени, достигна ново ниво. Неверојатно е повторно да бидам тука“, изјави Дињ по враќањето во Париз.
Французинот посебно истакна дека со нетрпение очекува повторно да работи со Луис Енрике, со кого соработуваше и во Барселона, како и да се сретне со Маркињос, со кого пристигнале во ПСЖ во ист период.
Дињ зад себе има одлична сезона во Астон Вила. Минатата сезона одигра 31 натпревар во Премиер лигата, со четири асистенции, а настапи и на 11 натпревари во Лига Европа, каде што англискиот клуб ја освои титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
