ПСЖ го победи Лил, Нејмар го посвети голот на Коби Брајант (видео)

Фудбалерите на ПСЖ се зацврстија на врвот на табелата во францускиот шампионат откако вечерва рутински славеа на гостувањето против Лил со 0-2.

Лил знае да биде незгоден ривал за „светците“, но избраниците на Томас Тухел овојпат не дозволија изненадување, целосно ги контролираа играта и резултатот, па на крајот заслужено се радуваа на трите бода. Во главна улога беше Нејмар, кој ги постигна двата гола на мечот, првиот еврогол од работ на шеснаесетникот, а вториот со прецизно изведен пенал.

Бразилецот очигледно на полувреме ја дознал веста за трагичната смрт на Коби Брајант, па вториот погодок му го посвети на кошаркарскиот великан, со рацете покажувајќи го бројот 24, што Коби го носеше во дел од кариерата.

ПСЖ по денешната победа има 52 бода, дури десет повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...