ПСЖ го прескокна Монако, прашањето е до кога

ПСЖ ја продолжи својата победничка серија во францускиот шампионат откако попладнево рутински славеше на домашен терен против Монпелје со 2-0. „Светците“ само во првите петнаесетина минути се мачеа да го наметнат сопственото темпо, за потоа да доминираат и лесно да слават со головите на Кавани и на Ди Марија.

Она што е најважно, шампионот со оваа победа се искачи на првото место на табелата со три бода предност во однос на Монако, со тоа што „кнезовите“ имаат и два натпревари помалку од ПСЖ. Монако ќе има тешка задача утре да се обиде да се врати на врвот, со оглед на фактот дека полуфиналистот во ЛШ го очекува дерби дуел на гостински терен против Лион.

All & Goals & Highlights HD – PSG 2-0… by meteoalex1

Се вчитува...