ПСЖ го растури Лион за финале во Купот на Франција

Пари Сен Жермен ќе игра во финалето на Купот на Франција откако во полуфиналната пресметка го совлада Лион на гости со 1-5. Во финалето „светците“ ќе го очекуваат подобриот од вториот полуфинален двобој меѓу Сент Етјен и Рен.

Лион поведе со голот на Мартин Терие во 11.минута, но само три минути подоцна израмни Килијан Мбапе. Нејмар од пенал во 64.минута се погрижи за пресврт, Мбапе зголеми на 1-3, погоди и Сарабија, а конечниот епилог го постави повторо Мбапе во финишот од средбата. Лион од 61.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фернандо Марсал.

Се вчитува...