Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да ја засили навалната линија со Стефан Ел Шарави, италијанскиот репрезентативец кој е на привремена работа во Кина. Тој има намера да го напушти Шангај Шенхуа и да се врати во Европа, а одлично би му дошол на тренерот на „светците“, Томас Тухел, кој бара офанзивец што ќе ја пополни празнината која се појави со заминувањето на Единсон Кавани.
Ел Шарави за Шангај Шенхуа досега одигра десет натпревари и постигна еден гол, но очигледно е дека сака да стави крај на кинеската епизода во кариерата. Покрај ПСЖ, развојот на настаните со Стефан Ел Шарави ја следат и италијанските калчолигаши Рома, од каде и замина во Шангај Шенхуа, потоа Јувентус и Интер, но и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА