ПСЖ го загуби и Бернат за подолг период

Францускиот првак Пари Сен Жермен е „десеткуван“ по неколку основи и тренерот Томас Тухел никако не може да состави респектабилен состав. По пандемијата на коронавирусот која ги зафати поголем дел од првотимците, следеше суспензијата за Курзава, Нејмар и за Паредес поради инцидентот на мечот против Олимпик Марсеј, а најновата неволја дојде на синоќешниот дуел против Мец. Шпанскиот интернационалец Хуан Бернат сериозно го повреди коленото и најверојатно ќе отсуствува подолг период.

„Жалам за повредата на Бернат. Делува како многу сериозно, но да почекаме и да видиме што ќе покажат деталните прегледи“, изјави тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

По двата стартни порази во првенството, синоќа со гол во судиското продолжение што го постигна Џулијан Дракслер, Пари Сен Жермен стигна до првите бодови во новата сезона.

Се вчитува...